Активно спроведуваме истражувања и анализи за идентификување на потребите и приоритетите на компаниите.
Изработуваме и имплементираме стратегии за општествена одговорност и одржлив бизнис. Овие стратегии им помагаат на компаниите вклучување на сите засегнати страни и да придонесат за позитивни промени во општеството.
Развиваме политики и процедури за општествена одговорност. Политиките дефинираат принципи и насоки за компаниите во спроведувањето на нивните активности, додека процедурите обезбедуваат конкретни чекори и методи за имплементација.
Креираме програми за општествена одговорност, насочени кон решавање на специфични социјални и економски предизвици. Преку внимателно планирање и соработка со релевантни партнери, заеднички постигнуваме значајни резултати и придонесуваме за подобрување на квалитетот на животот во заедницата.
Програмите за општествена одговорност имаат јасни цели, го следат напредокот и ги оценуваат резултатите преку вклученост на вработените и соработка со заедницата,
Спроведуваме обуки за развој на вештини и знаења кај вработените и партнерите. Ги обучуваме за најдобрите практики и новите трендови во областа на општествената одговорност. Создаваме култура на одговорност и вклученост, што води до постигнување на долгорочни резултати.
Создадовме фондови за вложување во заедницата преку принцип на транспарентност, отчетност и ефективна распределба на средствата. Фондовите се користат на најдобар можен начин за поддршка на локалните иницијативи и постигнување на максимално влијание во заедницата.
Сертифицираме компании кои ги исполнуваат високите стандарди за етичко и одржливо работење. На тој начин тие покажуваат дека ги исполнуваат критериумите за општествена одговорност, зголемувајќи ја довербата кај засегнатите страни, истовремено подобрувајќи го својот углед и конкурентноста во општеството.
Вршиме ревизии за оценување на ефективноста и усогласеноста на програмите и иницијативите за ООП. Идентификуваме области за подобрување на активностите за истите да бидат во согласност со поставените цели и стандарди.
Објавуваме нефинансиски извештаи кои вклучуваат информации за еколошките, социјалните и управувачките аспекти на работењето на компаниите, зголемувајќи ја транспарентноста и отчетноста и постигнувањата на организацијата во областа на општествената одговорност.
Воспоставуваме и одржуваме врски со различни засегнати страни, ги поврзуваме клиентите и партнерите со заедницата, односно со граѓанските организации. Градиме силни и трајни односи кои се од суштинско значење за успешна општествена одговорност. Поврзувањето помага во размена на идеи, ресурси и поддршка, што е клучно за постигнување на заеднички цели и позитивни промени.