Ние сме Конект, водечка граѓанска организација (ГО) основана во Северна Македонија во 2008 година, а нашата мисија е да го поттикнеме и промовираме приватното донирање и општествената одговорност, за целите на ефективен и долгорочен развој. Нашите основачи веруваат дека Северна Македонија и регионот имаат потенцијал за раст преку отпорноста на локалните ресурси и капацитети. Затоа фокусирано поттикнуваме и промовираме култура на индивидуална и корпоративна филантропија. Градиме структурна поддршка за донирањето, општествената одговорност (ООП), ESG и социјалното претприемништво да го движат одржливиот развој. Уверени сме дека филантропијата и општествената одговорност имаат моќ да го унапредат граѓанското општество и да овозможат градење инклузивни и одржливи локални заедници со подобар живот за сите.
Ова го постигнуваме посветено работејќи да:
а) негуваме стратешки поставена филантропска култура – промовираме приватно донирање што го помага одржливиот развој и создава решенија на проблемите, одејќи чекор понапред од хуманитарните донации што ги ублажуваат последиците;
б) создаваме инфраструктура за донирање во доверливи, посветени организации и иницијативи за развој коишто промовираат долгорочни партнерства и решенија;
в) обезбедуваме поддршка на компаниите за да развијат, спроведуваат и да ги зајакнат стратегиите за филантропија, ООП и ESG и да постигнат посилно влијание;
г) обезбедуваме услуги за градење на капацитетите на ГО за мобилизаат средства на локално ниво, на транспарентен и отчетен начин.
За реализација на нашата мисија, во Конект повеќе од 15 години посветивме на развојот и спроведувањето на широк спектар на иницијативи осмислени за поттикнување корпоративни и индивидуални стратешки инвестиции во нашата заедница.