Овие стратегии вклучуваат различни методи, кампањи за донирање, грантови, партнерства и настани за прибирање средства и се од суштинско значење за одржливоста на граѓанските организации, како начин да ги обезбедат потребните ресурси за реализација на нивните иницијативи.
Преку овој процес, кој вклучува обуки, менторство, техничка поддршка и развој на лидерски способности, им овозможуваме на граѓанските организации да ги изградат своите капацитети со развивање на своите вештини, знаења и ресурси со цел да ги постигнат своите цели.
Политиките кои ги спроведуваме дефинираат принципи и насоки кои ги водат организациите во нивните активности, додека со процедурите им обезбедуваме конкретни чекори и методи за имплементација, овозможувајќи конзистентност, транспарентност и отчетност во работењето.
Преку јасна и транспарентна комуникација, им помагаме на организациите да ги информираат засегнатите страни за нивните активности, постигнувања и потреби преку различни канали, како што се социјалните медиуми, веб-страници, јавни настани, кои им помагаат во градење на доверба и поддршка.
Конектирањето е процес на воспоставување и одржување на врски со различни засегнати страни, вклучувајќи ги донаторите, партнерите, волонтерите и заедницата. Граѓанските организации создаваат силни и трајни односи кои се од суштинско значење за успешна реализација на нивните цели. Конектирањето им помага во размена на идеи, ресурси и секако поддршка.