Нашето искуство и експертиза ги вложуваме и во подобрување на политиките и средината за делување на граѓанските организации во регионот и глобално. Анализите на сите клучни чинители укажуваат дека има значително стеснување на просторот за делување на граѓанските организации и дека тие се соочуваат со притисоци и бариери во работењето.
Нашите напори на национално, регионално и меѓународно ниво се насочени кон градење на свест и разбирање за овие негативни влијание, зајакнување на капацитетите на институциите, банките, ГО и останатите чинители како и застапување за промена на политиките и креирање на заштита и безбеден простор за граѓанските организации.
Во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), креиравме единствена информативна точка која овозможува брз и лесен пристап до полезни информации за граѓанскиот сектор. Граѓанските организации од сега можат лесно да ги пронајдат сите важни информации за рокови, актуелни иницијативи, тековни обуки, информативни настани и начини за вклучување.
Проценката на ризици од финансирање тероризам во непрофитниот сектор
Активно се вклучивме во процесите за Проценката на ризици од финансирање тероризам во непрофитниот сектор, која се усвои, а Управата за финансиско разузнавање ја објави јавно.
Низ низа информативни настани, претставници на ГО од сите плански региони ги збогатија своите познавања за ризикот од финансирање на тероризам за секторот на НПО и дознаа за начините да се вклучат и да ја заштитат нивната организација.
Креиравме кратки едукативни летоци достапни на македонски, албански и англиски јазик кои дисеминирани широко во секторот на НПО ќе ја зголемат свеста на ГО за потенцијалната изложеност на ризици од финансирање тероризам.
Ознаката за доверба надградена со критериуми во согласност со стандардите на ФАТФ
Саморегулацијата е ефикасен начин за НПО да утврдат високи стандарди на „мека“ регулатива и да се стремат кон најдобри практики. Прочитајте за Ознаката за доверба која е механизам за саморегулација чијашто цел е да го олесни пристапот на граѓаните и компаниите до сигурни организации.
Единствен Прирачник за непрофитни организации за заштита од ПП/ФТ
Изработен Прирачникот за непрофитни организации кој ќе им помогне да вклучат мерки за превенција и заштита од злоупотреби за цели на тероризам. Прирачникот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.
Ревидирани STR индикатори за непрофитни организации
Новите листи на индикатори се резултат на широка и реална, професионална дискусија која активно се водеше на седум работилници на меѓу-секторската работна група организирани од страна на Конект во соработка со УФР, Македонската банкарска асоцијација и НБРМ, а имајќи ја предвид спроведената проценка на ризикот Изменетите и надополнети индикатори за сомнителни трансакции се достапни <<овде>>.
Непрофитните организации заедно со МБА – активни партнери за развој на системот за СПП и ФТ
Конект во билтенот на МБА каде зборуваме како непрофитните организации заедно со МБА и други чинители се активни партнери во развојот на системот на спречување перење пари и финансирање тероризам. Целиот билтен е достапен на веб страната на МБА.
Јакнење на капацитети на ГО
Конект разви специјализирана програма за непрофитни организации (НПО) за тоа како да се идентификува и спречи корупцијата, перењето пари и финансирањето тероризам и да се подобри нивната транспарентност и отчетност. Зајакнати капацитети на 100 претставници од 85 НПО.
„Овозможивте помалите организации да станат свесни за ризиците што постојат“
– учесник во рамки на програмата
„Посебен акцент ќе ставам на понудените механизми за справување со евентуално ФТ и ПП, како и нивно откривање.”