Правна рамка и застапување

Активно сме вклучени во процесите на застапување за правната рамка која е клучна за подобар даночен третман, зголемено ниво на донирање и на волонтирање во секторот, нови форми на одржливост како социјалното претприемништво и организациски раст организациите како работодавач. Клучни закони и политики за кои застапуваме се:

  • Законот за донации и спонзорства во јавните дејности
  • Законот за социјалните претпријатија
  • Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија
  • Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството и планот за спроведување
  • Законот за волонтерство
  • Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам
  • Националниот акциски план за имплементација на Водечките принципи на ОН за бизнисот и човековите права

Анализиравме и низа закони со нашите партнери Европскиот центар за непрофитно право од Хаг и ги споредивме со најдобрите пракси за филантропија низ Европа. Видете го нашиот патоказ (roadmap) со предлог промени за кои застапуваме за да ги зголемиме нивоата на донирање во нашата земја.

Конект е дел Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Дополнително на конститутивната седница, извршната директорка на Конект Никица Кусиникова е избрана и за Претседателка на Советот во овој мандат со што активно даваме придонес за развој на граѓанското општество вклучувајќи ги и членките на Мрежата за финансиска одржливост.

Информирајте се овде за работата на Мрежата и можностите за вклучување.