
Оп-оп е онлајн платформа за групно донирање, со најсовремени онлајн и мобилни системи, како и најновите технологии на заштита. Без разлика дали сте индивидуален донатор или компанија, искусен донатор или едноставно сте љубопитни за донирањето и како тоа функционира, Оп-оп ќе ви даде информации и пристап до проектите и организациите кои најдобро одговараат на промената што сакате да ја направите.
Оп-оп платформата е лесна за користење и ви овозможува да ја пребарувате нашата онлајн база на граѓански организации кои имаат проекти. Посетете не на www.opop.mk, уживајте во донирањето правејќи избор од бројните значајни проекти коишто се внимателно проверени и одбрани. Следете го влијанието на вашата донација и бидете во тек со информациите за промените коишто вие сте ги овозможиле.
