Кога општествената одговорност на претпријатијата (ООП) и ESG се интегрирани во деловните стратегии на компаниите, бизнисот има зголемена продуктивност, иноваира и создава долгорочен одржлив развој. Основан во 2017 година, Клубот на одговорни бизниси (КОБ) им овозможува на компаниите да работат заедно со граѓанскиот сектор и институциите. Оваа платформа применува практични решенија како одговор на најголемите актуелни општествени предизвици. Долгорочната стратегија на КОБ овозможува компаниите да се здружат за да бидат моќен двигател на позитивни општествени промени што ќе обезбедат придобивки за сите.
Клубот на одговорни бизниси е формиран за да се забрза и зајакне соработката помеѓу компаниите од Северна Македонија и тие да креираат долгорочни стратегии за поттикнување позитивни општествени промени за доброто на сите. Клубот на одговорни бизниси работи заедно со граѓанскиот сектор и институциите за да ги создаде неопходните платформи на соработка за справување со актуелните општествени предизвици.
Мисијата на Клубот на одговорни бизниси е да поттикне позитивни промени во заедниците во кои работиме, преку заеднички иницијативи кои поддржуваат одржлив развој.
Тоа го постигнуваме преку нашите поединечни и заеднички активности како корпоративни граѓани. Обезбедуваме дека нашите деловни практики и однесувањето на нашите вработени придонесуваат за подобрување на средината во која живееме и работиме, како и за благосостојбата на нашите заедници
Визијата на Клубот на одговорни бизниси е општество во кое нашето придржување до правичните и одржливи деловни практики поттикнува позитивни и заеднички социјални иновации, создава доверба и промовира вистински човечки вредности.
Повеќе информации за клубот може да најдете во лифлетите за Клубот кои се достапни на македонски, албански и англиски јазик.
Клубот на одговорни бизниси претставува национален извор на знаење за општествена одговорност на претпријатијата (ООП) и за најдобрите приоди поврзани со животната средина, општеството и управувањето (ESG). Неговите членови се лидери во активните (а не само само-декларирани) одговорни деловни практики и се репер за надежните практичари на ООП и ESG.
За да го постигне ова, клубот ги поврзува бизнис лидерите од компании од сите големини, кои ги претставуваат сите сектори на економијата. Понатаму, клубот создава заедница на одговорни бизниси што дискутираат како актуелните, така и идните социјални предизвици, а потем заеднички работат на решенија. Клубот соработува и бара корисни увиди од општествените актери на локално и национално ниво, кои можат да претставуваат основа за изнаоѓање најдобри приоди.
Членките на клубот заеднички дискутираат и предлагаат решенија. Откако ќе се дефинираат заклучоци, се спроведува конкретен акциски план што е отворен за членовите на клубот како партнери во неговото спроведување – преку донации, учество во активности, корпоративно волонтирање, поддршка на граѓански иницијативи итн.
ООП е дефинирана како одговорност на компанијата за влијанието на нејзините одлуки и дејства врз општеството и животната средина во кои работи. ООП не претставува само идеал; таа е начин на водење бизнис што стимулира одржлив развој.
ООП се постигнува преку транспарентно и етичко однесување. Понатаму, ООП придонесува за одржлив развој и ги зема предвид очекувањата на сите засегнати страни. Таа треба да се интегрира во деловниот процес на компанијата, синџирот на снабдување, производите, како и во односите со клиентите и потрошувачите. Општествената одговорност е многу повеќе од донирање. Компаниите користат програми за ООП за справување со потенцијалните влијанија и ризици кои произлегуваат од деловното работење на компанијата. Тука спаѓаат: корупцијата, загадувањето, зголеменото искористување на природните ресурси, работните услови на вработените и благосостојбата на нивните семејства и заедниците.
Вклучувањето на аспектите поврзани со ESG во инвестициските стратегии е двигател на иновациите и создава можности за обезбедување долгорочна вредност за бизнисот и општеството. Промовирањето на усвојувањето на ESG низ синџирот на вредност на инвестициите може да поттикне поголеми приватни инвестиции за одржлив развој, што ќе овозможи поголемо влијание. Клубот на одговорни бизниси ќе ги охрабри своите членови да известуваат за влијанијата и нефинансиските активности користејќи ги стандардите како Глобалната иницијатива за известување (GRI), Глобалниот договор на ОН (UNGC), Одборот за сметководствени стандарди за одржливост (SASB) итн.
Клубот на одговорни бизниси помага во организирањето активности и иницијативи за позитивно општествено влијание на своите членки без потреба компаниите сами да ги организираат.
Клубот за членките овозможува пристап до алатки, експертски консултантски услуги и учење од најдобри практики што одговараат на нивната корпоративна култура. Клубот им помага на новите членови да изградат внатрешни капацитети што се неопходни за да преземат контрола и одговорност за спроведувањето активности коишто вршат влијание. Исто така, клубот обезбедува услуга за посредување за своите членови со граѓанските организации за да се поттикне партнерство или соработка.
КОБ е свесен дека ООП и ESG може да предизвикаат потреба од балансирање помеѓу материјалните аспекти на корпоративното работење и активностите со пошироко општествено влијание. Токму затоа, активностите на клубот се засноваат на истражување и анализа на потребите. Според тоа, Клубот е единствена платформа за заеднички иницијативи, идеи и ресурси насочени кон спроведување уште поголеми и посложени проекти кои ќе имаат поголемо влијание врз животот на луѓето. Ова им овозможува на компаниите од сите големини значајно да придонесат за одржливиот развој на општеството за сегашните и идните генерации. Улогата на клубот не е да диктира, туку да води преку пример. Членството не бара од компанијата да се откаже од своите самостојни активности за ООП. Всушност, членовите активно се поттикнуваат да создаваат и да спроведуваат иницијативи кои најдобро одговараат на нивната корпоративна култура и внатрешни капацитети.
Придружете се на избрана група водечки компании од различни сектори кои споделуваат исти вредности на општествена одговорност и инклузија









