Активно работиме на градење на капацитетите на:
со посебен фокус на поддршка за мобилизирање ресурси и обезбедуваме тие да бидат одговорни приматели на донации.
Ги поддржуваме граѓанските организации во процесот на мобилизирање ресурси преку различни активности и програми. Ги обучуваме како да организираат донаторски кружоци, настани за групно донирање и како да развиваат стратегии за привлекување финансиска поддршка од индивидуални и корпоративни донатори. Преку овие активности, ги учиме организациите ефективно да ги презентираат своите проекти и иницијативи, успешно да ги ангажираат донаторите и, секако како да ги зголемат своите финансиски капацитети.
Работиме на обезбедување на сигурноста на граѓанските организации, односно тие да бидат одговорни приматели на донации. Ги обучуваме на транспарентност и отчетност, за развој на системи за следење и евалуација на проектите, и континуирано им даваме поддршка во изготвување на извештаи за донаторите. Нашата цел е донациите да се користат наменски и ефективно, а организациите да ги исполнуваат своите обврски кон донаторите и заедницата.
Преку овие активности, помагаме во зајакнувањето на граѓанските организации, овозможувајќи им да бидат поефективни и одржливи во својата работа, и да придонесуваат кон позитивни промени во општеството.