Ова е нашиот главен настан за групно донирање во живо. Негуваме заедници на индивидуални филантроп(к)и што се гости на настанот, а на локалните граѓански организации (ГО) за кои се донира им помагаме да ја претстават својата значајна работа пред донаторскиот кружок во најдобро можно светло. Нашето филантропско друштво се забавува на овој настан и се радува на можноста заеднички да правиме промени. Тоа е енергија која мора да ја почувствувате.
Нашите донаторски кружоци во последните 6 години здружија над 480 граѓани кои несебично донираа, собравме вкупно 3.493.561 денари за 18 влијателни иницијативи од локалните заедници.
Настаните се исполнети со многу позитивна енергија, инспиративни говори, а создадовме многу нови партнерства и соработки меѓу донаторите и организациите. Кога ќе се здружиме во донирањето правиме синергија и градиме хумано и солидарно општество на одговорни граѓани.
Почуствувајте ја атмосферата од претходните донаторски кружоци. Дознајте како си поминавме на:

„Во донаторскиот кружок донирањето е заразно на најубав можен начин. Чувствувате своевидна понесувачка емоција што ве тера да се вклучите и дадете повеќе“ Огнен Јанески, верен поддрржувач, водител и член на организацискиот одбор на донаторскиот кружок.


„Има посебна енергија во здруженото донирање. Создава заедница на луѓе што делат вредности и решаваат самите да сторат нешто, наместо да чекаат решенија за проблемите да им дојдат од надвор. Донаторскиот кружок ни ја негува надежта во добрината на луѓето. Конект од 2008 година е алка на поврзување на донаторите со организациите што се двигатели за подобро општество“ Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.











