Во нашиот донаторски фонд ги здружуваме донациите од бизнисите и поединците и ги насочуваме кон непрофитни организации од доверба, коишто го поттикнуваат одржливиот развој на земјата. Конект е во улога на филантропски советник, го организира процесот на избор на приматели и ги следи ефектите известувајќи ги донаторите. Ова е еден стратешки филантропски механизам кој им овозможува на донаторите, семејствата и бизнисите да го зајакнат своето влијание на едно повисоко ниво, а да си го намалат товарот за организирање на целиот процес. Фондот здружените донации ги насочува кон граѓанските организации за иницијативи коишто имаат потенцијал за долгорочно влијание и придонес кон одржливиот развој согласно следните области: квалитетно образование, достоинствена работа и одржлив раст, добро здравје и благосостојба и искоренување на сиромаштијата.
Следните три организации се поддржани со иницијалните донации во донаторскиот фонд. Тие ги постигнаа следните резултати со донациите од фондот:



Од различни донаторски активности кои се имплементираа низ 2025 година, ќе ги поддржиме следните 4 ГО со нивните иницијативи:




„Денови за донирање“ е кампања што полека, но сигурно прераснува во традиционален празник на филантропијата кај нас, а е насочена кон одржлив развој. Во текот на овие денови, граѓаните, семејствата и компаниите ќе ја искусат радоста на заедничкото донирање поддржувајќи ги иницијативите на граѓанските организации и групи. Креираме движење кое решенијата на проблемите нема да ги чека од други, туку ќе ги земе во свои раце. Заради позитивното искуство и одличните резултати, националната кампања „Денови за донирање“, ќе се одржува на годишно ниво со низа донаторски настани кои ќе и понатаму ќе го јакнат донаторскиот фонд. Кампањата „Денови за донирање“ е планирано да започне секој втор четврток во октомври со низа активности кои ќе бидат реализирани до крајот на ноември.

Организациите можат да бидат двигатели на промените во нашите заедници. Моќта на здружените донации е голема. Искористете ја можноста вашата граѓанска организациja или неформална иницијатива да прибере донации од граѓани и бизниси за вашите активности кои го менуваат животот на сограѓаните.
Заинтересираните организации за да се вклучат во кампањата аплицираат на отворен повик. За референца погледнете го повикот од 2024 година Повик за граѓански организации и групи.
Конект ве поттикнува да се приклучите на кампањата „Денови за донирање“. Вашето учество не само што ќе помогне на локалните граѓански организации и нивните проверени иницијативи, туку и ќе донесе бројни придобивки за вашата компанија и заедниците во кои делуваме.
Засилено мерливо влијание: Поддржуваме проверени проекти кои влијаат на квалитетот на животот во нашите заедници. Влијанието се мери и редовно известува.
Стратешка филантропија: Конект со својата експертиза и искуство над 16 години во оваа област ќе обезбеди стручна поддршка при обмислувањето на вашите активности.
Награди за ангажман: Вашето учество ќе биде вреднувано со систем на токени, а врз основа на тоа ќе се доделат признанија.
Промоција на донирањето: Зголемете ја видливоста на одговорните бизниси. Ко-брендирањето дава пример и поттикнува други да се вклучат
Придружете се и поддржете некоја од централните активности на кампањата или организирајте свој ден за донирање! Вашата компанија може да:
Вашето вклучување ни е важно. Пополнете ја оваа <<пријава за интерес>> и заеднички да создадеме добри примери во нашата заедница.
Погледнете го нашиот календар на активности на граѓански организации и групи во рамки на кампањата „Денови за донирање“, одберете ваш ден за донирање и почуствувајте ја радоста на донирањето!